-->
-->
Приведен малолетник од Гостивар, украл возило „мерцедес“ по што предизвикал сообраќајка
-->
На 21.09.2025 во 05:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка Џ.Х., лишиле од слобода 15- годишен малолетник од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило", казниво по член 242 од КЗ, а пријавено истиот ден во 04:10 часот во ОВР Гостивар од Б.Ѓ.(43) од Гостивар.
Според пријавеното, малолетникот го украл возилото „мерцедес“, кое било паркирано и оставено со отклучени врати и клучеви во возилото, по што управувајќи го, предизвикал сообраќајна несреќа кај мостот во населбата „Циглана“ во Гостивар. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан