Приведен криумчар на мигранти
– Полицијата ноќеска во близина на клучка Неготино приведе едно лице кое во автомобил превезувал осум илегални мигранти, од кои седум од Авганистан и еден од Пакистан.
– Околу 01:00 часот денеска на автопат „Пријателство“ во правец Демир Капија – Неготино, во близина на клучка Неготино полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности го лишиле од слобода М.И.(41) од село Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во кое превезувал осум лица илегални мигранти (седум од Авганистан и еден од Пакистан), соопшти МВР.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница