Приведен криминалец, со него пронајдени и две 10-годишни девојчиња
Денеска (24.11.2020) во 13.15 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница ги приведоа С.Х.(44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измами и пирамидални шеми со измами, како и истрага за кривичните дела недозволена трговија со дрога и фалсификување.
При приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години) по кои германската полиција трагала како исчезнати лица.
Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија.
По трите лица Интерпол трага од 22.02.2018 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест