-->
-->
Приведен криминалец од скопско, расчистени 9 кривични дела
-->
На 01.12.2020 од страна на Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода А.Ф.(37) од Скопје, за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на Гази Баба.
Од страна на Одделението за криминалитсички работи Гази Баба расчистени се 9 кривични дела тешки кражби, во викенд куќи, со материјални докази. Со кривична пријава по брза постапка пријавениот А.Ф. е спроведен на распит пред дежурен Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
По распитот, А.Ф. е спроведен кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје и по изведените докази нему му е одредена мерка притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро