Македонија
9. August 2024 - 12:32

Приведен крадец во Тетово

МВР соопшти дека вчера, во 09.40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С.(35) од тетовско Долно Палчиште кој се сомничи дека претходниот ден на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово извршил кражба.

А.С. на П.Ц.(32) од Тетово ѝ одзел чанта со пари и лични предмети. При преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризла и украдените работи, кои подоцна биле вратени на оштетената П.Ц..

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.