Македонија
24. August 2022 - 9:24

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 23.08.2022 во 18.00 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Е.С.(27) од Скопје. Тој се сомничи дека на 22.08.2022 одзел повеќе предмети и туби со нафта од фирма во Скопје.

Кај него биле пронајдени одземените  предмети и биле вратени на сопственикот.  
Во службен разговор во полициска станица Е.С. го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.