Македонија
1. May 2023 - 14:09

Приведен крадец во гостиварско

На 30.04.2023 во 13,10  часот во с.Форино, гостиварско, од полициски службеници е лишен од  слобода З.С.(47) од  с.Чегране,  поради  постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, при што од угостителски објект во Гостивар одзел пари и лап-топ компјутер.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.