Приведен крадец – „специјалист” за верски објекти
Полицијата привела лице кое се сомничи за повеќе тешки кражби во верски објекти регистрирани во последни три години. Приведениот и претходно бил осудуван, а до скоро по него била распишана потерница.
Вчера околу 13 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода С.А.(54) од скопско Студеничани.
С.А. се сомничи дека изминатите три години на гостиварското подрачје извршил неколку тешки кражби, претежно во цркви, како и повеќе тешки кражби на други подрачја во нашата држава, исто така, најмногу во верски објекти. Освен во гостиварско, тој ооерирал и во кичевско и демирхисарско.
С.А. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.
Ново на Сител
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
