Македонија
16. February 2024 - 11:47

Приведен крадец од гостиварско Страјане

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 12:10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, го лишиле од слобода 19-годишниот И.С. од гостиварско Страјане.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека заедно со уште едно лице извршил тешки кражби во куќи во гостиварските села Беловиште и Балиндол.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.