-->
-->
Приведен државјанин на Германија, марихуана пронајдена во возило што го управувал
-->

Државјанин на Германија бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако марихуана била пронајдена во возилото што го управувал, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 12:31 часот на граничен премин „Табановце”, на влез во државата, полициски службеници гo лишија од слобода Р.Е.Р.Л., на возраст од 70 години, од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возило „фиат” - кампер со германска национална ознака, што го управувал, пронајдена и одземена е марихуана, појаснија од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица.
- Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираа од МВР.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
