-->
-->
Приведен дилер од Тетовско за издржување казна затвор од четири години
-->
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16:45 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, го привеле Ј.И.(47) од тетовска Голема Речица.
Како што соопшти денеска МВРЕ, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Ј.И. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
-

Уапсено лице од село во општина Старо Нагоричане, предивикал пожар во туѓ имот
