Македонија
3. February 2021 - 15:44

Приведен дилер од Битола, пронајден хероин

Приведено лице од Битола откако кај него е пронајден и одземен хероин.

– Денеска во Битола бил лишен од слобода В.М.(24) од Битола бидејќи кај него е пронајден и одземен хероин, соопшти МВР.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.