Македонија
12. March 2021 - 20:27

Приведен дилер на хероин од Кичево

По претходно добиени оперативни сознанија, денеска околу 17:00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го приведоа кичевчанецот Б.С. (42), кај кого е пронајден хероин, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираа дека Б.С. е приведен во ОВР Кичево и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното Обвинителство.