Приведен дилер на херион во Гостивар
Триесетгодишен гостиварец е приведен под сомнение дека неовластено продавал и поседувал наркотици, откако при претрес на неговиот дом полицијата пронашла десет пакувања хероин.
- Полициски службеници вчера предпладне извршиле претрес со судска наредба во станот на Н.Д. (30), на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. При претресот, во една од собите пронајдени се 10 пакувања со хероин. Во станот бил и Х.У. (41) кој заедно е Н.Д. е приведен во полициската станица Гостивар, информираат од СВР Тетово.
Пронајдената количина хероин, 27 илјади денари во разни апоени и еден мобилен телефон, со потврда се одземени.
Во текот на денот, двајцата со пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
Ново на Сител
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар