Македонија
21. јуни 2023 - 19:17

Приведен бегалец од затвор, осуден на 16 години затворска казна

Денеска ( 21.06.2023) криминалистичката полиција при СВР Битола по распишана централна потерница од слобода го лиши Р. Р.(60) од  с. Маково, општина Новаци, кој бил баран поради бегство од КПУ Затвор Прилеп.

Р.Р.  е осуден на 16 години и 4 месеци за кривично дело "убиство" по чл. 123 од КЗ, а за  доиздржување има 9 години и 7 месеци. Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.