Македонија
1. јуни 2025 - 14:18

Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син

На 31.05.2025 во 19.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Н.(68) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 17.30 часот на подрачјето на општина Аеродром физички ги нападнал неговата поранешна 76-годишна сопруга и нејзиниот син.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.