Македонија
3. July 2025 - 13:11

Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната

На 02.07.2025 во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.А.(44) од Велес, поради основано сомнение дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес, турнал 38-годишна жена од Велес и и ја одзел ташната, во која имало пари.

Одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката. Н.А. е приведен во полициска станица,  известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.