-->
-->
Приведен 43-годишнен кавадарчанец, управувал возило со 2,31 промили алкохол
-->
На 11.08.2025 во 05:35 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.П.(43) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вкупно 29 пожари на отворено изминатите 24 часа, два сè уште активни
-
Германскиот канцелар го повика Путин да започне сериозни преговори со Трамп на Алјаска
-
Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина
-
На протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени
-
Без струја денеска делови од Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода
-
Сончево со температура до 36 степени, нестабилно време за викендот
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта