Македонија
20. November 2021 - 11:34

Приведен 33 годишен скопјанец баран по потерница за даночно затајување

Вчера во 16.10 часот полициски службеници од Оперативен тим - потраги во трговски центар на подрачјето на Карпош го лишија од слобода М.И.(33) од Скопје, велат од МВР.

За него била распишана  Централна потерница од МВР и издадена наредба од страна на Основно јавно обвинителство Велес за истражни дејства во врска со кривично дело „даночно затајување“ предвидено во чл.279  од Кривичниот законик. 

Лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка.