Приведен 30 годишен дилер на дрога од Прилеп, продавал кокаин и марихуана во Скопје | ВИДЕО
На 03.07.2022 полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.
По спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги.
Имено, А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин.
На 03.07.2022 по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории од страна на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Во текот на денешниот ден (04.07.2022) од страна на Единица за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против А.К. по чл. 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава