-->
-->
Приведен 29-годишник од Кавадарци, управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта
-->

На 21.07.2025 во 21.15 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.С.(29) од Кавадарци.
При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал тој со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци, било утврдено дека управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Р.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
