Приведен 22-годишник од Гевгелија, при претрес на неговиот дом најдена е дрога

На 01.08.2025 СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.М.И.(22) од Гевгелија, поради постоење на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ.
На 01.08.2025 од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.М.И., при што биле пронајдени 27 грама кокаин, една дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети со остатоци од кокаин.
Пред почетокот на претресот, односно во момент кога полициските службеници го запознавале осомничениот со содржината на наредбата за претрес, од која еден примерок му бил врачен и нему, тој противправно го одзел и вториот примерок од наредбата, кој содржи службен печат и го искинал.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По поднесување на пријавата, тој бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
