Македонија
1. November 2022 - 11:40

Приведен 22 годишен дилер од Скопје, кај него биле пронајдени марихуана и дигитална вага

На 31.10.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Аеродром – Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(22) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.