Македонија
20. November 2020 - 21:42

Приведен 22-годишен дилер на марихуана од Струмица

Струмичката полиција приведе дилер на марихуана кој дрогата ја криел во куќата на неговата баба. Се работи за 22 годишен жител од Ново Село . Тој освен кај баба му, марихуана што била спакувана во тегли криел и во неговиот дом. Полицијата го открила откако после добиените оперативни сознанија извршила претрес и на двете локации.

Полициски службеници од СВР Струмица, отсек за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија, извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село, при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана во количина од околу 1,5 килограми.,, рече ХРИЗАНТЕМА РЕНДЕВСКА - ПОРТПАРОЛ НА СВР СТРУМИЦА

Лицето веќе е лишено од слобода и против него до јавното обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава.