Македонија
16. April 2024 - 16:33

Приватните специјализанти продолжија со штрајкот - револтирани се од етикетирањето на министерот

Во очекување на Владината одлука и писмена гаранција за поголема плата приватните специјализанти продолжија со штрајкот. И утринава наместо во амбулантите и операционите сали се собраа во паркчето на Клинички. Револтирани се од етикетирањето на министерот, кој вчера рече дека овој штрајк има политичка позадина.

- Јас лично немам книшка од ниту една партија, единствена книшка што јас ја имам дома е крводарителската во која пишува нулта позитив, д-р Христина Илиоска-Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина.

Младите доктори не се согласуваат и со изјавата на министерот дека сегашните примнања им биле доволни. За три месеци по 26.000 денари можеле да си ја платата школарината.

- А каде се другите трошоци за живот, праша Илиоска Чешлароска.

Приватните специјализанти добија подршка и од пациенти.

- Ајде нека ги примат овие луѓе, зошто да стојат тука зошто да бидат невработени и да не им тече стаж.Ајде да се направи нешто за овие млади луѓе да ни останат тука во државата, вели ќерка на пациентка на Онкологија

Само на Клинички има околу 400 приватни специјализанти. Бараат покачување на месечните примања, договори за вработување и здравствено осигурување.