Македонија
3. July 2024 - 12:31

Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите

Приватните превозници алармираат дека се наоѓаат во многу тешка финансиска состојба бидејќи Град Скопје со месеци не им исплаќа пари.

Последен пат пари им биле префрлени во јануари и оттогаш до денеска возат со сопствени средства. Велат дека вака не можат да издржат и најавуваат дека ќе ги запрат автобусите бидејќи нафта имаат само за уште два дена.