Приватните превозници денеска се враќаат на скопските улици
Приватните автобуски превозници, по неколкумесечна пауза од денеска повторно започнуваат со сообраќање низ скопските улици откако вчера постигнаа нов договор со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Веста беше објавена на фејсбук страната на ЈСП Скопје каде што се наведува дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и од утре тие повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на главниот град.
Според објавата, договорот е потпишан од страна на новиот в.д. директор на ЈСП Скопје Крсте Петревски и претставниците на приватните превозници и веќе од денеска приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со, како што се вели, 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик.
-Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса, се вели во објавата на ЈСП Скопје.
Инаку приватните превозници не сообраќаат од ноември минатата година откако им беше раскинат договорот од страна на Град Скопје поради, како што се тврдеше од страна на Градот, неиспорачување на услугите од страна на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот