Приватните автобуси во 10 утрово ги паркираа автобусите
Приватните автобуски превозници во 10 часот утрово ги паркираа автобусите. Најавуваат дека од денеска ќе возат само од 5 часот наутро до 10 часот се додека ЈСП не им го подмири долгот од 90 милиони денари за изминатите 6 месеци.
Апелираме што побргу да се надмине проблемот, бидејќи во спротивно најавуваат дека целосно ќе се повлечат од сообраќај.
Приватните превозници информираат дека во петокот по расправијата со директорот на ЈСП им биле исплатени по 500 илјади денари кои според нив се премалку. Најавија дека на јавноста ќе и достават финансова картичка која тврди дека покажува дека вкупниот долг кон нив е 170 милиони денари.
Изминатите денови добиле информација дека град скопје веќе има префрлено дел од парите во ЈСП, но не знаат каде јавното претпријатие ги има потрошено овие пари.
Ново на Сител
-
САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија
-
Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа
-
Мисајловски и генерал Лафчиски во „Криволак“ на артилериско гаѓање и презентација на новата армиска униформа
-
Херцог: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа
-
Без вода дел од улицата „Наум Наумовски Борче“
-
Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер