Притворска мерка за битолчанец за напад со нож
Триесетдневен притвор му одреди Судот на битолчанец кој завчера со нож му го расекол стомакот на едно лице и му го довел животот во опасност.
За случајот, Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда.
- Осомничениот, на 24 јули, пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот, информираат од ЈО.
Оттаму, соопштуваат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка.
-Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, известуваат од ЈО.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“
-
Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција
-
Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово
-
Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода
-
Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово