Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари
На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера, при обид за влез во државава, од слобода е лишен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ (чл.394 ст.2) и кривично дело „Даночно затајување“ (чл.279 ст.3). Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција лицето веднаш е преземено и изведено пред судија на претходна постапка кој му определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што е спроведен во КПУ Куманово, информираат од Управата.
- Притворањето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица, како резултат на сложена предистражна постапка спроведена од страна на Управата за финансиска полиција, под раководство и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамки на акцијата беа преземени низа мерки и активности и беше обезбеден обемен доказен материјал, што резултираше со поднесување на кривична пријава против 13 физички лица и 10 правни лица, за сторени кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со што е предизвикана огромна штета на државниот буџет во висина од над 430 милиони денари, прецизираат од Управата.
МИА
Ново на Сител
-
Филипче бара итно декласифицирање на документите за следење на комуникациите на новинари и политичари
-
Приведени двајца турски државјани на ГП Деве Баир, приложиле фалсификувани зелени карти за возилата
-
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
-
Изминатитe два дена 1103 сooбрaќaјни прекршoци
-
Кавадарчанец возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Димитар Арсовски
-
Мицкоски: Новинските агенции ја пишуваат првата страница на вистината, градат доверба и ја оддржуваат демократијата
-
Ѓоковиќ и Алкараз си закажаа полуфинале на УС Опен