Притворен сторител на серија кражби во автомобили во Гостивар

Полицијата рачисти серија провални кражби во автомобили, што изминативе две недели беа регистрирани во Гостивар. На осомничениот му определен притвор и од синоќа е во КПУ Скопје.
Гостиварецот Б.С. (30) е осомничен дека извршил 27 тешки кражби од кои најголемиот дел во јануари, со провалување во автомобили со кршење на стакла од вратите. Неговиот плен биле вредни предмети кои сопствениците ги оставале во возилата.
Пред два дена полициски службеници извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал осомничениот.
– При претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат, кабли, лекарства, аудио опрема и други предмети. Б.С. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, поради сомнение дека е сторител на тешки кражби, велат од СВР Тетово.
Дел од пронајдените предмети им се вратени сопствениците. По приведувањето, нему му е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка синоќа му определил притвор со траење од осум денови, по што е предаден на издржување на мерката во скопскиот истражен затвор.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
