Притвор за уште две лица за случајот со штитеничката од Домот за деца „25 Мај“
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за уште две лица македонски државјани инволвирани во предметот со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје (Дом за деца „25 Мај“).
По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничените лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Трговија со дете за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години. Осомничените иако знаеле дека детето е жртва на трговија со луѓе биле корисници на сексуални услуги и друг вид екплоатација од малолетното лице.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги написите во врска со овој случај отвори предмет по допрен глас.
По спроведени предистражни дејствија, надлежниот јавен обвинител во февруари донесе наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторено кривично дело Трговија со дете. Тогаш, на Предлог на јавниот обвинител со одлука на судот на лицето му беше определената мерка притвор која се продолжува во континуитет согласно постојаното прибирање на доказниот материјал за расветлување на овој кривично правен настан.
Осомниченото лице од декември 2017 година до 6 февруари 2018 година употребувајќи сила, измама и присилба, а воедно искористувајќи ја детската немоќ, го подвела оштетеното дете на вршење на полови дејствија со полнолетни мажи во повеќе градови низ земјава. Осомничената го превезувала детето, го продавала, го нудела на продавање заради експлоатација по пат на користење на сексуални активности за паричен надоместок, го присилувала на принудна работа и слугување и организирала и присилен брак што не се реализирал.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија