-->
-->
Притвор за тинејџер (19) од Леуново, крадел се и сешто од викендичките во Маврово
-->

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(19) од село Леуново, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела ,,тешка кражба”.
Во периодот од октомври 2018 до декември 2018 година на подрачје на неколку населби во Гостивар пријавениот извршил пет тешки кражби во викенд-куќи.
Со употреба на сила и погоден предмет тој влегувал внатре и одзел два пиштоли-експонати, воздушна пушка „Црвена застава”, разновиден алат, компјутери, алхохолни и прехрамбени производи и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 76.500.денари.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
