Притвор за тетовец поради закани на Фејсбук кон жена и функционери од политичка партија

Основното јавно обвинителство Тетово постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетов, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик.
-Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифатил предлогот и ја определи притворската мерка.
МИА
Ново на Сител
-

Се комплицираат дополнителните избори за четирите општини во кои немаше цензус
-

Постизборни реакции: Власта задоволна - опозицијата молчи
-

Истрагата за Пулс и партиските донации за изборната кампања во фокусот на октомврискиот извештај на Транспаренси интернешнл
-

Се кратат парите за граѓанскиот сектор
-

Во купчето на сомнителни кардиохируршки интервенции и случаи од пред 15 години!
-

Нова значајна процедура на Кардиологија
-

АХВ спроведува превентивна вакцинација на животни против антракс после повеќегодишна пауза
-

Над 60% од интернет корисниците во Македонија купуваат онлајн
