Притвор за четири лица осомничени за трговија со дрога
СВР-Битола информира дека на две лица од Битола и две лица од Скопје им е поднесена кривична пријава и одредена мерка притвор од 30 дена заради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
На 27 ноември, на „Стрежевски пат“ во близина на село Могила, од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје лишени се од слобода лицата З.Б.(25 г.) и Ѓ.Ч.(30 г.) од Битола и С.М. (38 г.) и Р.Б.(26 г.) од Скопје. Од приведените биле одземени 89 грама хероин, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Секторот за внатрешни работи Битола против проведените лица поднесе кривична пријава, а од страна на Судија за претходна постапка од Основен Суд Битола, на лицата од Битола и Скопје, им одреди мерка притвор во траење од 30 денови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси
-
ИКС: Наративот на политичарите штетно влијае на менталното здравје на граѓаните