Притвор за 34-годишен кумановец заради дрога
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 34-годишен кумановец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
-Осомничениот на 27.08.2020 година, во Куманово, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана. Тој прeвезувајќи се во возило марка „Фолксваген Шаран“ ја пренесувал дрогата скриена во возилото под предната хауба, до акумулаторот. Дрогата – марихуана спакувана во едно пакување со тежина од 205,37 грама, при извршената контрола од страна на службените лица, на локалниот пат Куманово-с.Арачиново, во село Умин Дол, е пронајдена и одземена, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежен јавен обвинител поради опасност од бегство на осомничениот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро