Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци повел постапка против 28-годишен жител на Неготино осомничен за кривично дело демнење, а судот во Неготино, на предлог на обвинителот, му одредил мерка притвор.
Како што соопшти државното Јавно обинителство, во периодот од 12 септември 2024 до 25 февруари 2025 година, осомничениот преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, „постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка“.
-Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник. Наспроти ваквите мерки определени од судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.
Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
-Судот во Неготино го прифати предлогот и со решение определи притворска мерка за осомниченото лице, информира Обвинителството.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен
-
ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК