Притвор за 18-годишниот скопјанец кој прегази малолетничка со украден автомобил
Полицијата го лиши од слобода М. С. (18) од Скопје, кој се сомнични дека минатиот месец извршил неколку кривични дела - „Одземање моторно возило“, „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, „Кражба“ и „Тешка кражба“. Од страна на судија на лицето му е изречена мерка притвор од 30 дена, соопшти МВР.
Лицето М.С. се сомничи дека на 30 август 2023 околу 22:30 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје, со претходно противправно одземено патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 25-годишен скопјанец, удрил во малолетничка од Скопје, по што излегол од возилото и го напуштил местото на несреќата.
Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде биле констатирани тешки телесни повреди, a подоцна им подлегнала на повредите.
Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по преземени мерки и активности и добиени резултати од спроведените анализи е утврдено дека М.С. го управувал возилото за време на несреќата и во координација со јавен обвинител за него е пуштен распис.
Од МВР посочуваат дека од страна на Одделението за увид на сообраќајни незгоди, Единица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје против него ќе бидат поднесени пријави за кривично дело „Одземање моторно возило“ по член 242, „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ по член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе бидат поднесени пријави и за сторени кривични дела „Тешка кражба“ по член 236 и „Кражба“, по член 235 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
