Притвор од 30 дена за жител на Доброште поради најдена дрога
Полицијата вчера најде дрога и во домот на 32-годишен жител на Доброште, откако во вторникот кај него беа најдени 13 пакувања кокаин. По приведувањето во вторникот, вчера со судска наредба од 14 часот и 30 минути до 16 часот, бил направен претрес во неговиот дом.
-Во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште биле пронајдени кокаин, МДМА (екстази) и дигитална вага. По приведувањето во вторникот навечер бил задржан во Полициската станица Тетово и со соодветен поднесок вчера е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена. Вчеравечер тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Осомничениот ќе одговара за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Бензините поевтинуваат, дизелот ќе се точи по стара цена
-

Филипче на терен ќе убедува за ЕУ, обвини дека Мицкоски не’ носи во изолација
-

Села не се откажува од Алијанса, очекува Апелација да му ги врати печатите на партијата
-

Пациенти со ретка болест останале без терапија - од здравство тврдат дека има лекови
-

Преглед на вестите од светот
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката со нож
-

Стојанче призна вина дека ја тепал, но не и дека ја навел Ивана да се самоубие
-

Советот на Јавни обвинители ја отфрли претставката на Ленче Ристовска против премиерот Мицкоски
