Пристигна Рено Талисман
Француската компанија Рено во јавноста објави први фотографии од новиот седан модел „Талисман“, што влегува во директна конкуренција за врвот во сегментот на Фолксваген Пасат и Ауди А4.
Шефот на Рено-Нисан групацијата Гарлос Госн на премиерата на моделот изјави дека Талисман свесно ги следи модерните трендови и поставува нови граници на квалитет, додека меѓу приоритетите при неговиот развој биле ниската потрошувчка и емисија на штетни гасови, но и уживањето во возењето.
Рено Талисман е создаден на ЦМФ платформа, а може да се пофали со ЛЕД светла, пространа внатрешност, богатата опрема, Р-Линк 2 мултимедијалниот систем, високата безбедност, управувањето на сите четири тркала, МултиСенс систем на работа, како и економични мотор.
Багажниот простор има зафатнина од 608 литри. Талисман е долг 4,85 метри, широк 1,87, а висок 1,46 метри, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2,81 метар.
Сите мотори се со турбо полнење, а во понуда ќе се најдат бензинските ТЦе со 150 и Енерџи ТЦе со 200 коњски сили, како и дизел ДЦи мотори со 110, 130 и 160 коњски сили.
Бензинските мотори во понуда ќе бидат со седумстепен мануелен менувач со двојна спојка, додека само основниот дизел ќе има мануелен шестстепен менувач, а останатите дизел мотори ќе бидат во понуда со шестстепен мануелен менувач со двојна спојка.
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана