Бизнис
1. July 2016 - 21:04

Пристаништето Драч, алтернатива за солунското

Пристаништето во Драч алтернатива за домашните фирми. Престваници  од таму дојдоа во Македонија. На домашните бизнисмени им ги презентираа условите за негово користење. Застојот  во работата на Солунското им направи проблеми  на македонските компании.  Затоа тие се принудени да бараат нови решенија ,ако дојде до нови проблеми во Грција. Пристаништата Драч, Бар и Бургас во регионов за нив се подалеку, но ќе им обезбедат сигурен транспорт.

Од Драч се надеваат дека нивното пристаниште ќе му конкурира на солунското. Но за поголема поврзаност со макеоднските фирми потребна е изградба на патиштата во двете земји. Задоволни  се од тоа што Македонија изминатиов период работи на подобрување на инфрастуктурата.

Трговкста размена меѓу  Албанија и Македонија изнесува 150 милиони евра.