Природни лекови против запек – еве како да го решите
Кога луѓето зборуваат дека по неколку пати во денот го посетуваат тоалетот, сигурно многумина од вас се запрашуваат: Дали е се во ред со мене? Всушност, бројот на одењата во тоалет варира од човек до човек и сосема е нормално да не вршите нужда и два-три дена. Оваа состојба обично се јавува како последица на лоша исхрана или поради земање одредени лекови.
Доколку се чувстувате тешко и потечено, пробајте да го елиминирате тоа со природни лекови отколку да посегнете по таблети. Проблемите со констипација, односно запек, можат да се решат и со лаксативи, а можете и сами да направите природни препарати и да ги отстраните непријатните симптоми.
Маслиново масло
Не само што е здраво и вкусно, туку маслиновото масло може да ви помогне да го решите проблемот со запекот.Во утринските часовииспијте една лажичка маслиново масло, а најдобар ефект ќе има доколку го земете на празен стомак. Можете да додадете и малку лимонов сок за да го подобрите вкусот, бидејќи и самиот лимон е одлична помош против запекот.
Кафе
Кофеинот кој се содржи во кафето е природен стимуланс на системот за варење, па затоа шолја кафе добро ќе ви дојде доколку имате проблеми со запек. Меѓутоа, немојте да претерувате, бидејќи премногу кафе може да има сосема спротивен ефект. Доволно е во текот на денот да испиете две шолји кафе.
Храна богата со влакна
Веројатно знаете дека за превенција на констипацијата многу е важна здравата исхрана. Домашно подготвената храна со здрави намирницие секогаш подобар избор за вашата линија и вашето варење отколку брзата и сува храна.Меѓутоа, и некои здрави намирници можат да придонесат за констипацијата,па затоа е добро во организмот да внесете и доволно вода. Намирниците кои имаат позитивно влијание врз работата на цревата се : кајсии, смокви, леб од целосни зрна житарки, боровинки, малинки, капинки, сливи, крушки, јаболки, јаткасти плодови, компир….
Сода бикарбона
Содата бикарбона е одличен лек против констипацијата и стомачните проблеми воопшто. Рецептот за решавање на проблемите со запек е следниот – растворете лажичка сода бикарбона во ¼ шолја топла вода и испијте го овој напиток.
Сливи
Веројатно најпознатиот природен лек против запек, кој е познат и од дамнешни времиња во народната медицина се сливите. Ова овошје е многу ефикасно, бидејќи содржи многу влакна и сорбитол, природен шеќер. Сорбитолот е природен јаглехидрат кој има способност за омекнување на столицата. Меѓутоа, секако, бидете внимателни, бидејќи преголема количина на сорбитол може да предизвика гасови и подуеност. За да ги ублажите овие симптоми, испијте една чашка природен сок од слива (без вештачки засладувачи) или пак една шолја компот од суви сливи (повторно домашно приготвен, без дополнителни шеќери) наутро и една шолја во вечерните часови. Сливите можете секако да ги јадете свежи или пак суви.
Лекарска помош би требало да побарате ако не можете да ги испразните цревата подолго од две недели или ако имате крвава столица, силна болка во утробата при движење или необјаснив губиток на тежината. Сето тоа може да укажува на посеризен проблем, како рак на дебелото црево или некоја автоимуна болест.
Ново на Сител
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии