-->
-->
Припадник на ИД од Германија продавал девојки робови на Фејсбук
-->

Осомничен член на терористичката органзиација Исламска држава пред десетина дена преку социјалната мрежа Фејсбук сакал да продаде девојки припаднички на етничката група Језиди која што живее во северен Ирак, а беше најпогодена од ѕверствата на ИД.
Терористот со воено име Абу Асад Елмани жените ги продавал како робови. На 20 мај тој ставил фотографија на жена на неговиот профил со порака: „До сите браќа кои што размислуваат да купат роб. Ова чини 8.000 долари“.
На друга фотографија се гледа расплакано лице на друга девојка а под фотографијата пишува „Друг роб, за 8000 долари. Да или не?“.
Фотографиите веќе не можат да се најдат на Фејсбук но тие пред да бидат избришани се документирани од страна на „Институтот за медиумско истражување на Блискиот Исток.
Од почетокот на воената кампања на ИД во Сирија и во Ирак џихадистите систематски затвораат, силуваат и продаваат припаднички на Јазидите, кои што се христијани по вероисповест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
