Припадник на АРМ во мисијата КФОР почина во болница во Приштина
Во болница во Приштина вечерва околу 18:15 часот ненадејно почина професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР, соопшти Генералштабот на Армијата.
На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните е пристапено кон пружање прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот.
Веднаш со воен хеликоптер во придружба на воен медицински персонал бил упатен во болница во Приштина како најблиска здравствена установа, каде што се пристапило кон реанимација, но по кратко време е констатирана смрт за која, според првичните наоди, причина најверојатно е срцев удар.
– Од страна на Генералштабот по добивање на првичните информации со преземање на сите потребни процедури, трагичната вест е соопштена на неговите најблиски и во моментот во координација со сите надлежни институции се преземаат сите неопходни мерки за пренесување на посмртните останки на нашиот припадник во неговото место на живеење. По пристигањето на телото на нашиот починат мировник, погребот ќе биде со сите воени почести а во координација со неговата фамилија во време и место кое ќе биде одредено, се наведува во соопштението од ГШ на Армијата на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето
-
Без струја корисници во Аеродром и Студеничани
-
Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон
-
Каја Калас во Белград, Вучиќ: Србија останува доверлив партнер на сите кои се стремат кон соработка
-
Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит
-
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд