Припадниците на Армијата заминаа за Словенија
Припадниците на Армијата утрово заминаа за Словенија каде треба да помогнат во санирање на последиците од невремето што ја зафати оваа држава.
Согласно одлуката на Владата, во Словенија се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на штетите што ги предизвика невремето. Помошта беше побарана од страна на Словенија преку механизамот NATO EADRCC.
Припадниците на Армијата ќе останат во Словенија триесет дена каде ќе се вклучат во хуманитарната операција за санирање на штетите од невремето.
-Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, наведе Владата во соопштението што беше објавено по владината седница.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.