-->
-->
Припадници на ИД урнаа џамија во Мосул
-->

Припадници на групата Исламска држава (ИД) ја кренаа во воздух големата џамија Ал Нури во Мосул, соопшти ирачката армија.
Во џамијата Ал Нури, лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади го објави прогласувањето на т.н. „Исламски Калифат“. Минатата недела беше објавено дека Багдади е убиен во руски воздушен напад во Сирија, но веста засега не е потврдена.
Новинската агенција на ИД - Амак, меѓутоа, објави дека џамијата Ал Нури е уништена во воздушен напад на САД.
Според ирачката армија, експлозијата во џамијата се случила кога ирачките елитни единици за борба против тероризмот стигнале на 50 метри до Ал Нури.
Коалицијата предводена од САД и дава поддршка од воздух на ирачката армија во офанзивата во Мосул, која почна во 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
