Принцот Хари и Пипа Мидлетон во тајна врска? (фото)

Неодамна принцот Хари и сестрата на неговата снаа, Пипа Мидлетон ги прекинаа нивните врски, по што британските таблоиди сега тврдат дека тие се во тајна љубовна врска.
Истите извори наведуваат и дека наводно тие имале и „мала авантура“ во 2011 година, токму на „кралската венчавка“ на принцот Вилијам и Кејт Мидлетон.
Хари (32) и Пипа (32) веќе подолго време се на мета и на таблоидите кои постојано се обидуваат „да ги спојат“, па сега дури тврдат дека Хари „ја завел“ Пипа на тајна романтична вечера со свеќи, пуштајќи и музика од Адел.

Пипа неодамна ја прекина врската со Ник Џексон, додека Хари го спојуваа со Кресика Бонас.
Кралското семејство не сакаше да ги коментира тврдењата на таблидите, но нивните обожаватели сепак се надеваат дека во ова озборување има барем малку вистина.
Ново на Сител
-

31 питомци и 28 слушатели на курсот за офицери дадоа свечена заклетва
-

Мајка го претепала 6-месечното бебе кое е хоспитализирано на Детска клиника
-

Мечка нападна човек во Долнени
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: Акцијата за чистење на Скопје е успешна, собрани 4.500 тони смет
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
