Примопредавање на должност меѓу досегашниот и новиот претседател на Советот на ЕУ
– Во седиштето на Европскиот совет во Брисел денеска ќе се одржи церемонија на примопредавање на должноста меѓу досегашниот претседател на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и неговиот наследник на оваа функција Антонио Кошта.
Мишел, кој е поранешен белгиски премиер, ја извршуваше должноста претседател на Советот на ЕУ од 1 декември 2019 година.
Кошта на новата должност беше избран во јуни годинава врз основа на договорот меѓу трите групации од проевропско центристичко мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) за распределба на водечките функции во ЕУ.
Кошта е роден во Лисабон во 1961 година. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Лисабон, а во политиката активно се склучува во 1988 година.
Во периодот од 1991 до 2024 година бил член на португалското Собрание во неколку мандати, а од 2004 до 2005 и пратеник во Европскиот парламент.
Во 1997 е избран за португалски министер за односи со Парламентот, а две години подоцна за министер за правда, функција на која останува до 2002 година.
Во 2005 е избран за министер за администрација, должност која ја напушта во 2007 година, кога станува градоначалник на Лисабон.
За градоначалник е реизбран и во 2009 и во 2013 година, а во 2014 година станува лидер на тогашната опозициска Социјалистичка партија, по што во април следната година ја напушта градоначалничката функција, за во ноември истата година да биде избран за премиер на Португалија.
Премиерската функција Кошта ја извршуваше речиси девет години до април годинава, откако неговата ПС беше поразена на предвремените парламентарни избори.
На изборите им претходеше истрага против Кошта и негови соработници под обвинение за корупција и злоупотреба на функцијата, но против него не беше покренато обвинение со образложение дека бил опфатен со истрагата по грешка откако неговиот идентитет бил помешан со тој на министерот за економија Антонио Кошта Силва.
Мандатот на Кошта како претседател на Европскиот совет официјално ќе почне да тече в недела на 1 декември.
Инаку Кошта ќе биде прв носител на една од највисоките функции во ЕУ, кој е припадник на етничко малцинство.
Неговата мајка е Португалка, по професија новинарка и истакнат борец за правото на абортус, а татко му бил писател роден во Мозамбик.
Дедото на Кошта по татко бил Индиец, родум од поранешната португалска колонија, а сегашна индиска сојузна држава Гоа, а бабата има француско-мозамбиканско потекло.
Во првото интервју по изборот на сегашната функција, Кошта рече дека сака да го искористи своето етничко потекло за да ги редефинира често нееднаквите односи на Европа со Азија, Африка и Јужна Америка.
Тој се заложи и за промена на „статусот кво во денешниот мултиполарен свет“ и за поблиски односи на ЕУ со различни региони и земји, кои се релевантни „во свет кој е многу повеќе од Г7 или Г20“.
– Ова е свет составен од 195 земји, рече Кошта.
Ново на Сител
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот