-->
-->
Примирјето стапи на сила ширум Сирија
-->

Примирјето ширум Сирија договорено со посредство на Русија и Турција, стапи на сила денеска на полноќ по локално време.
Договорот не вклучува терористи како што е ИД.
Сириската Влада смета дека примирјето е „вистинска можност“ за политичко решение на речиси 6-годишната војна во таа држава.
– Тоа е вистинска можност за политичко решение на кризата за да се прекине крвопролевањето, изјави сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем во изјава на државната телевизија.
Претседтаелот на Сирија Башар ал Асад му нагласи на рускиот претседател Владимир Путин дека е подготвен за почитување на договорот за прекин на огнот во Сирија, соопшти Кремљ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
