Фудбал
4. April 2016 - 11:06

Примера: Втор пораз по ред на Севиља

Фудбалерите на Севиља го претрпеа и вториот пораз по ред во Примера откако синоќа загубија пред своите навивачи со 2:1 од Реал Сосиедад. Во претходнот коло загубија на гостувањето кај Реал Мадрид.

Гостите поведоа со голот на Маркел Бергара во 2.минута, а на 2:0 со автоголот во 34.минута зголеми Грегорж Криховјак. Севиља намали во 51.минута на 1:2 преку Кевин Гамеиро од пенал. Домашниот тим по исклучувањето (втор жолт картон) на Бергара во 68.минута имаше играч повеќе, но не успеа да изедначи.

Резултати на другите натпревари од 31.коло: 
Еибар – Виљареал 1:2, 
Малага – Еспањол 1:1, 
Атлетик Билбао – Гранада 1:1, 
Селта – Депортиво 1:1,
Барселона – Реал Мадрид 1:2, 
Лас Палмас – Валенсија 2:1, 
Атлетико Мадрид – Бетис 5:1 и 
Рајо Ваљекано – Хетафе 2:0.

Вечерва играат двете последнопласирани екипи Леванте и Хихон.

Табела: Барселона 76 бодови, Атлетико Мадрид 70, Реал Мадрид 69, Виљареал 57, Селта 49, Атлетик Билбао 48, Севиља 48,...